„Селаков не го плати својот дел од песната“: Ова е причината зошто Аца Лукас е во војна со Ивана - се вмеша и нејзиниот сопруг

„Селаков не го плати својот дел од песната“: Ова е причината зошто Аца Лукас е во војна со Ивана - се вмеша и нејзиниот сопруг

Објавена во: Живот // Живот

Колегите, Ивана Селаков и Аца Лукас, започнаа војна еден ден по објавувањето на дуетската песна „Сватови“. Таа тврди дека била измамена, додека менаџерот и продуцент на Аца Лукас, Саша Мирковиќ, вели дека пејачката не го испочитувала нејзиниот дел од договорот.

„Направивме неколку дуети со поранешниот придружен вокал, тоа секогаш беше на наше заедничко задоволство, а всушност услуга да направи нешто од себе. Договорен е финансиски надомест што не го изврши нејзиниот тим, па го стопиравме видеото“- изјави Саша за „Курир“, а потоа продолжи:

„Александар ќе продолжи да ја пее 30 години старата песна, што тој ја изведува. Нè очекува дует со голема поранешна sвезда. Можам да ја разберам и нејзината реакција, не би сакал да кажам кој е измамен тука.“

Од друга страна, Пеѓа, сопругот и продуцент на Ивана Селаков, тврди дека платиле за сè што е поврзано со тој проект и дека Лукас нема да има право во иднина да ја изведува таа песна.

„Имаше скандал околу песната, бидејќи како и досега, Ивана и јас организиравме сè. Како и во сите дуети, така и во овој заслугата е наша. Иако се работи за стара песна на Лукас, во иднина ќе му биде забрането да ја изведува, бидејќи за сè се прашуваат авторите на песната. Проектот е целосно наш, плативме за сè. Саша Мирковиќ се обиде да нè изигра со проневера. Промоцијата на песната беше договорена за среда, а ја објавија во понеделник. Сега песната е забранета и стопирана на сите канали.“

„Ивана ќе ја сними истата песна со друг пејач. Жал ми е што организиравме сè и на крајот се заврши вака. Работев на проектот со температура од 38 степени, за на крајот да бидеме измамени.“

Пораката што Саша Мирковиќ ја испрати до сопругот на Ивана, а која ја доби „Блиц“, гласи вака:

„И само сети се на 2013 година пред да почнеш да ми кажуваш нешто. За разлика од тебе, кој не се ни потруди да ме извести што прави, јас правев и правам сè како што се договоривме. А, да не зборуваме дека дури и подоцна не ме прашуваше ништо за следните дуети. Но, тоа не е важно. На крајот на краиштата, јас сум професионалец. Што се однесува до парите, кажи ми колку треба да платам и дај ја сметката.“


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: