Селена Гомез има нова тетоважа на грбот: Тоа е најголемата која ја има на себе

Селена Гомез има нова тетоважа на грбот: Тоа е најголемата која ја има на себе

Објавена во: Мода // Moj стил

Познатите ѕвезди сакаат тетоважи, но Селена обично става малечки. Оваа е дефинитивно нешто поинакво.

Новата тетоважа на Селена Гомез е навистина посебна и нешто што не се гледа толку често. Не открива дали постои некое значење зад тетоважата, но со оглед на тоа дека се работи за неа, веруваме дека не е ставена без причина.

Селена, дефинитивно е една од они ѕвезди кои имаат многу тетоважи. Ги има насекаде по телото, но сите се малечки и не толку видливи, меѓутоа оваа најновата дефинитивно е нешто поинакво. Веруваме дека пејачката ќе го открие значењето што се крие зад тетоважата, но дотогаш ќе мора да почекаме.

Тетоважата ѝ ја направил Банг Банг, кој е познат по тоа што им прави тетоважи на познатите личности. На својот профил на Инстаграм ја објави ружата, која се наоѓа на грбот на Селена. Изгледа како да е нацртана со водени бои. Иако е голема, и понатаму изгледа женствено и нежно. Сите се воодушевени со оваа тетоважа, а голем дел посочија дека ќе им послужи како инспирација да направат една и на себе во овој стил.

Освен оваа, Селена има уште неколку тетоважи, но толку се мали што веројатно ги немаш забележано. Има мал обичен крст на клучната коска, „Rare“ на вратот под увото, на задниот дел од раката ѝ е истетовиран датумот кога ѝ бил трансплантиран бубрег, на горниот дел од ногата има раце кои се молат со бројаница, на раката има мала стрела, тетоважа која ја направила заедно со Џулија Мајклс... Но, ова не се сите. Селена има уште тетоважи, но сите се толку мали и добро позиционирани што не влегуваат во очи.


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: