Селена Гомез не го криеше задоволството: Бев возбудена што ќе ги видам Џеј Ло, принцот Хари, Меган Маркл и другите
Концертот „VAX LIVE: The Concert To Reunite The World“ кој ќе се одржи на 8 мај, а кој ќе се емитува на Јутјуб, како и на многу телевизиски програми, се наближува. Водител на овој настан ќе биде Селена Гомез, која во склоп на овој концерт повика и многу претставници да донираат што е можно повеќе дози вакцини против вирусот Ковид - 19 за да можат да бидат обезбедени и најзагрозените земји. Како што дознаваме, Селена била воодушевена што ќе ги запознае големите ѕвезди кои ќе гостуваат на концертот.
Овој настан ќе ги обедини најголемите светски музички ѕвезди, лидери и многу други за да се зголеми донацијата на вакцини за оние на кои им се потребни. „За мене ова е најдобра наградна емисија на годината. Еднакво бев возбудена кога дознав кој сè ќе биде тука и бев среќна што луѓето одлучија да ни се придржуват и да го шират својот глас“ - сподели Селена.
„Морам да признаам, бев малку нервозна да излезам на сцена и да водам емисија. Сакам да бидам дел од вакви настани, но веќе долго немам работено ништо слично, па всушност сум многу нервозна. Но, овде сум да ја искористам својата платформа, како и во изминатата година за соочување со проблемите и со луѓето кои можеби не добиле вистински информации. Мислам дека целта на ова е да му покажеме на светот и да му ги дадеме фактите што е оваа вакцина и да добијат вистински информации. Само сум возбудена што луѓето ќе имаат можност да ја видат и другата страна“ - рече таа.
Најмногу не воодушеви настапот на Џенифер Лопез. Таа додаде гламур кога за својот настап се појави во розово боди прекриено со долги реси и пердуви, а исто така носеше и обетки со скапоцени камења. Нејзиниот настап се претвори во семеен собир, кога ја повика својата мајка Гвадалупе Родригез на сцена.
Во продолжение погледнете неколку фотографии од овој настан: