Селена Гомез открива: Модата ја користам за да се чувствувам подобро во своето тело
Иако пејачката и актерка Селена Гомез ја сметавме за најубава личност, самата Селена секогаш имала проблеми да се чувствува добро во сопствената кожа. Уште повеќе ѝ се воодушевуваме откако беше водителка на големиот настан „Vax Live Concert“, а исто така и фактот дека, покрај пеење и глумење е многу добра и како продуцент што можевме да видиме во серијата „13 Reasons Why“.
Сега, Селена во новото видео за „Вог“ зборуваше за својот изглед од 2007 година до денес. Кога наиде на фотографијата од „Мет Гала“ од 2015 година, призна дека во тоа време не се чувствувала сигурна.
„Мојата тежина многу варираше. И добро се сеќавам дека таа вечер не се чувствував пријатно во своето тело. Добрата работа е тоа што добив можност за заедно со тимот на работам на фустанот кој ќе одговара на моето тело и така да се чувствувам подобро“ - кажа таа.
Во видеото во продолжение погледнете го целото интервју на Селена: