Селена Гомез за првата улога: Бев заљубена во колегата, а мораше да го бакнам неговиот брат
Сите одамна знаеме дека една од првите улоги, Селена Гомез ја имаше во серијата „The Suite Life od Zack and Cody“, но ова искуство ѝ било едно од најлошите во животот и тоа од повеќе причини...
Во моментот кога ја добила улогата, Селена била лудо заљубена во Кол Спроус, онака како што може една млада девојка да биде заљубена.
„Бев опседната со таа серија и мислев дкеа сите ние ќе бидеме заедно еден ден“ - призна таа во едно неодамнешно интервју. Сепак, кога требало да го запознае дознала лоши вести: според сценариото за епизодата во која глумела, требало да го бакне неговиот брат, Дилан.
„Го бакнав неговиот брат, а не го бакнав него“ - кажа таа, а потоа додаде: „Тоа ми беше првиот бакнеж. Еден од најлошите денови во мојот живот.“
Инаку, Селена неодамна отворено зборуваше и за борбата со биполарното пореметување, во која ѝ помага дијалектичката бихејвиорална терапија.
„Можете да најдете начин за тоа како да живеете со тоа. Кога еднаш ќе го сфатите тоа, исчезнува стравот за да им признаете на луѓето дека имате дијагноза“ - откри таа.
Наведе дека откако оди на терапија забележала значајни промени во своето ментално здравје, но и во начинот на размислување.
„Навистина сум задоволна со тоа што сум. Благодарна сум што зачекорив во 29 - тата година, бидејќи пред само две години бев поинаква. Сега сум подобро“ - кажа пејачката.