Селена или Хејли: Хороскопот октрива со која своја љубов, Џастин Бибер е покомпатибилен
Доколку некогаш те интересираше, одговорот е тука...
Иако Џастин и Хејли сега се долго време заедно и се во брак, обожавателите и понатаму не заборавија на неговата врска со Селена Гомез. Постојат два тима, а имаше и неколку ситуации кога обожавателите на црвените килими гласно покажуваа дека не ја сакаат Хејли.
Ова најверојатно е еден од најпознатите холивудски љубовни триаголници, кој всушност воопшто не е. Селена и Џастин беа завршени кога тој и Хејли почнаа да се забавуваат, но од разделбата до новата врска поминаа само неколку месеци и тоа поттикна озборувања. Џастин од друга страна никогаш не призна дека бил со двете девојки истовремено.
Откако тој и Селена раскинаа и неговата врска со Хејли стана јавна, обожавателите се поделија на две страни - тим Селена и тим Хејли. Некои и до ден денес не ги преболеа Џастин и Селена и тоа јасно и гласно го покажуваат, што доведе до некои непријатни ситуации. А, која од нив е онаа со која пејачот е покомпатибилен кога ќе се земе хороскопот во прашање? Едната победи во ова.
Хејли е родена на 22 ноември 1996 година, според што хороскопот ѝ е следен: Сонцето ѝ е во Стрелец, а Месечината во Овен. Тоа покажува дека е апсолутно огнена личност. Таа е многу инплусивна и страсна и кога ќе види нешто што сака ќе се бори за него со сите сили и нема да се откаже.
Од друга страна, Селена е родена на 22 јули 1992 година, што значи дека Сонцето ѝ во Рак, а Месечината во Овен. Според хороскопот, како што пишува „NY Post“, тоа значи дека таа е емотивна личност и дека сака да биде главна во врските. Повеќе се води со срцето отколку на разумот, како што е случај со Хејли.
А, сега е моментот на вистината, со која од нив две Џастин е покомпатибилен? Судејќи по хороскопот, тој и Селена се подобра двојка. Тие имаа длабок и емотивен однос, бидејќи да ја немаа, сигурно немаше да опстанат толку долго заедно, но понекогаш тоа не е доволно. Само затоа што некој е компатибилен во хороскопот не мора да значи дека сѐ ќе биде совршено и дека ќе имаат успешна врска. Сепак, доколку астрологијата пресудува, Џастин би остана со Селена.
фото: Инстаграм