Семејна атмосфера и многу зајчиња: Како го прославија Велигден познатите ѕвезди? (ФОТО + ВИДЕО)

Семејна атмосфера и многу зајчиња: Како го прославија Велигден познатите ѕвезди? (ФОТО + ВИДЕО)

Објавена во: Совети // Семејство

Во неделата, на 17 април, многу познати личности во кругот на семејството го прославија празникот Велигден, а изгледа дека зајчињата донесоа многу среќа во сите познати семејства. Во продолжение може да видите кој и на каков начин го прослави овој прекрасен празник:

# Кардашијан - Џенер

Семејството Кардашијан - Џенер се собра заедно за да го прослави овој празник, а секој член од семејството беше послужен со џиновско чоколадно јајца во изгравирано име. Крис Џенер исто така сподели слатки фотографии со Клои на својот Инстаграм профил.

# Мараја Кери

Оваа поп ѕвезди ги сними авантурите на Велигденскиот зајак во видеото кое во неделата го сподели на својот Инстаграм профил. Во видеото, зајчето се шета околу нејзината куќа и зад себе остава посебни подароци за децата, пред да ја изненади пејачката.

# Блејк Шелтон и Гвен Стефани

Оваа година, Блејк облече розов костим како зајак, а ова урнебесно видео го сподели неговата сопруга на Инстаграм. На видеото, пејачот носи розов комбинезон со зајачки уши и топлинки со лик на зајак, и вака го прослави празникот со семејството.

# Жизел Бундхен

Бразилската манекенка во неделата на Инстаграм сподели слатка фотографија со ќерката Вивијан Лејк. „Среќен Велигден. Се надевам дека значењето на овој ден - обнова и преродба може да не наведе да бидете почувствителни, да сакаме повеќе, да помагаме повеќе, да бидеме пообединети“ - напиша таа во објавата.

# Хилари Даф

Сопругот на Хилари, Метју Кома, се облече како зајак, што може да се види на семејната фотографија која Даф ја сподели на својот Инстаграм профил. „Мислам дека навистина беше жешко во тој костим... И беше навистина жешко, а тој беше подготвен да го направи тоа“ - напиша таа.


фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: