Семејство посвоило кученце: Подоцна се испоставило дека тоа воопшто не е куче (ВИДЕО)

Семејство посвоило кученце: Подоцна се испоставило дека тоа воопшто не е куче (ВИДЕО)

Објавена во: Совети // Семејство

Толку е сладок, што не е изненадувачки фактот што ги измамил со изгледот...

Возејќи се по прометен пат, едно семејство до Масачусетс пронашло кученце кое нервозно талкало наоколу. Меѓутоа, ни по 24 часа не сфатиле дека тие всушност посвоиле којот.

Кога забележале дека животното што го донеле дома не е куче, семејството се обратило за помош во „New England Wildlife Centar Cape Branch“. Органицазацијата најпрво во соработка со Одделението за јавно здравје во Масачусетс, проверила дали којотот можеби има беснило. Утврдиле дека од таа страна сè е во ред, па преминале на следниот чекор - рехабилитација.

Во својата објава на Фејсбук организацијата откри дека неодмана примиле уште едно младенче којот, па дека откако ќе ги вакцинираат, ќе бидат заедно одгледувани.

„Се трудиме да им дададеме што е можно повеќе природно воспитување и ќе работиме на тоа да ги повториме основните однесувања и вештини кои ги учат од мајките и татковците“ - наведуваат од организацијата.


Иако приказната добила среќен крај, ситуацијата би можела да биде поинаква доколку којотот имал беснило. Во тој случај, ако младенчето ги изгребело или каснело оние кои го пронашле, ќе морале да го заспијат засекогаш.

фото: Фејсбук

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: