Семејството Кардашијан - Џенер најави големо враќање: Ќе изгледаме фантастично и сите ќе гледаат
Ким уште во април навести дека новата емисија за Кардашијанс ќе почне да се прикажува многу порано од тоа што се очекува...
По само неколку месеци откако семејство престана да го емитува реалното шоу „Во чекор со Кардашијанс“, Ким Кардашијан најави враќање пред камерите.
Семејството Кардашијан - Џенер ги шокираше обожавателите кога во јуни објави дека ќе го затворат своето популарно шоу по 14 години, но недолго потоа иконите на реалното шоу, објавија дека веќе имаат нов договор со „Hulu streaming“ сервисот за нов проект.
А, судејќи според најновото Инстаграм стори кое го објави Ким, изгледа дека снимањето е веќе започнато.
Имено, мајката на четири деца и најпознатата Кардашијанка навести дека продукцијата на новата емисија почнала со објавување на фотографии од микрофоните со опис „Прв ден“.
Многу луѓе беа изненадени што сите членови на познатото семјство пред само три месеци кажаа дека одлучиле да „живеат живот без камери“, но „Hulu“ помпезно најавува дека договорот со Ким, Клои и Кортни Кардашијан, нивната мајка Крис и полусестрите Кајли и Кендал Џенер е потпишан. Новата содржина ќе биде емитувана во САД, но и во многу други држави.
Ким уште во април наговести дека новата емисија за Кардашијан ќе се прикажува порано отколку што се очекува, откако еден обожавател на Твитер се пожали поради крајот на „Во чекор со Кардашијанс“.
„Сè уште не можам да верувам дека ова е последната сезона од шоуто. Не знам што да правам“ - напиша тогаш обожавателот, а Ким му одговори: „Нема долго да трае!! Нашата нова емисија на „Hulu“ ќе следува по последната сезона.“
Деталите во врска со содржината на серијата се држат во тајност, но менаџерката Крис Џенер сподели „спојлер“ за претстојната соработка, серијата во сопственост на Дизни навестува дека целото семејство се вратило пред камерите.
„Во новата емисија ќе видите како се развивавме како семејство, обожавателите сакаат да бидеме она што сме и емотивно се вклучени во нашата емисија од првиот момент, исто како и ние. Обожавателите ќе сакаат продолжение на нашето патување. Не зборуваме многу за она што следува, но ќе изгледаме фантастично и сите ќе гледаат“ - кажа Крис во мај, најавувајќи ги новите проекти за Дизни.