Семејството на Беквалац го сочинуваат само убавици: Зои ја познавате сите, но знаете ли која е нејзината постара сестра? (ФОТО)

Семејството на Беквалац го сочинуваат само убавици: Зои ја познавате сите, но знаете ли која е нејзината постара сестра? (ФОТО)

Објавена во: Совети // Семејство

Драгана Беквалац, постарата сестра на Наташа Беквалац има две ќерки и двете се навистина вистински убавици...

Нејзината помладата ќерка, Сара Шекуларац, пред неколку години ѝ стана позната на јавноста кога почна да се занимава со музика. Својата музичка кариера веќе ја изгради, а на многумина им е позната по псевдонимот Зои.

Сепак, малку кој знае дека Драгана има и поголема ќерка, Теодора, која неодамна исто така заплови во музичките води. Неспорно е дека семејството Беквалац во своите гени има запишан талент за музика, некои ги сакаат, други не, но едно нешто не може да се оспори, жените од ова семејство имаат неверојатна убавина.

Преубавите сестри отсекогаш си биле поддршка една на друга, како во музиката, така и во животот. Она што е интересно е дека Теодора е страствен љубител на коњи и дека целото свое слободно време го поминува на јавање.

Така во една прилика кога падна од коњ, нејзината тетка Наташа напиша емотивен статус на својот Инстаграм продил:

„Денес цел ден се гордеам со своето семејство. И денес и секој ден во иднина. Љубов моја, Теодора, не е срамота да паднеш. Срамота е да не станеш. Денес со гордост гледав како израсна во прекрасна девојка, денес сум најгорда тетка на светот. И на најдобриот коњ му се случува да не скокне како што се очекува од него, и на најдобриот џокеј да падне од коњ... Стани, бакни ја својата Балерина, пофали ја и сакај ја уште повеќе“ - наведе пејачката.

Теодора и Сара, покрај талентот за пеење имаат и физичка сличност. Ги краси неверојатна убавина, па не е изненадувачки фактот што под нивните заеднички фотографии има безброј коментари од воодушевените следбеници.


фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: