Сепак Гага не била виновна за разводот на Бредли и Ирина: Купер тајно се состанувал со познатата актерка!

Сепак Гага не била виновна за разводот на Бредли и Ирина: Купер тајно се состанувал со познатата актерка!

Објавена во: Stars // Филм

Бредли Купер ужива во прегратките на колешката Џенифер Гарнер, а Лејди Гага била само маска, се најновите откритија на медиумите.

Почетокот на година светот го изненади веста за разделбата на Бреди Купер и манекенката Ирина Шајк, а приказната ја надополнија озборувањата дека контроверзната пејачка Лејди Гага е виновна, бидејќи се гледала со Бредли за време на снимањето на „A star is born“.

Порталот Селебрити пишува дека Џенифер Гарнер е видена која тајно се состанува со Бредли во неговиот дом во Лос Анџелес. Актерката наводно во неколку наврати го посетувала својот колега.

„Порано овој месец Џенифер е видена како заминува кај Бредли на 'таен состанок', а нивната врска цвета од ден во ден“ - вели изворот, кој додаде дека е можно парот својата врска да ја крене на повисоко ниво, а можеби планираат и бебе. Инаку Бредли и Џенифер се познаваат уште од 2001 година, кога заедно соработуваа во серијата Alias во која таа ја имаше главната улога.

Како потсетување Џенифер на почетокот на јануари му го честиташе роденденот на Бредли со заедничка фотографија на Инстаграм. Под фотката на која се прегрнати напиша и порака која сите ги разнежни:

„Го научив на се што знае. Среќен роденден, Бредли. Сите сме горди на тебе.“

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: