Сепак му простила неверство: Канје Вест му откри на целиот свет дека ја изневерувал Ким Кардашијан
Познатиот рапер Канје Вест во една од песните на својот нов албум „Donda“ призна дека не ѝ бил верен на својата скоро поранешна сопруга, Ким Кардашијан...
Раперот и дизајнер Канје Вест конечно го објави својот долго најавуван албум „Donda“, а помеѓу песните кои веднаш се издвоија е „Hurricane“. Во неа тој рапува:
„Еве ме, се однесувам како да сум пребогат, еве ме, одам со новата девојка, а знам што е вистина, и понатаму се шегувам по две деца, тоа е премногу кога животот секогаш ти се движи“.
Повеќе извори потврдија за медиумите дека она што Канје го тврди во песната е вистина: по раѓањето на нивното второ дете Сејнт, Вест ја изневерил Ким.
Таа, судејќи по сè му простила, бидејќи потоа добија уште две деца и останаа заедно неколку години, пред на почетокот на оваа година да соопштат дека ќе се разведуваат.
Единствената жена со која Канје беше доведуван во врска последниве години е руската манекенка Ирина Шајк, но гласините за нивната романса се појавија дури откако се раздели од Ким. Од друга страна, пред извесно време се зборуваше дека Канје ја поминал границата со гуруто за шминка Џефри Стар, што ги потсети медиумите на старите озборувања за него и за друга трансродна личност - пејачката Аманда Лапор, но не е познато дали тие беа поврзувани во врска токму во периодот што Канје го споменува во песната.
Ким Кардашијан и Канје Вест имаат четири деца: Норт, Сент, Чикаго и Псалм, и иако беа во многу лоши односи пред разводот, сега им оди одлично откако одлучија да се разведат, па беа на семеен одмор со деца. Ријалити sвездата се појави и на неговиот настап по повод промоцијата на албумот „Donda“.