Сергеј Пајиќ за конфликтот со Војаж: Бевме во добри односи додека не снимив видео со Богдан
Пејачот и ТикТокер Сергеј Пајиќ во претходните години се издвои на социјалните мрежи, како еден од омилените ликови на новата млада генерација.
Во новото интервју сега ја откри вистината за кавгата со Војаж, разделбата со Уна...
Сергер своевремено учествуваше во видеото на Бака Прасе во кое го прозва Војаж, откако изјави дека на Јутјуберите не им местото во музичката индустрија. Од тогаш тие двајца не разговараат, иако пред тоа беа во океј односи.
„Конкуренцијата ја гледам како здрава конкуренција. Мене не ме интересира да се натпреварувам со некој. Има многу од овој нов бран, да не ги набројувам сега“ - кажа Сергеј, а потоа се насочи кон Војаж.
„Секоја чест за успехот. Тој и јас не сме во најдобри односи. Тоа се знае. Тука беше драмата со Богдан Илиќ во која се вплеткав и јас и потоа престанавме да зборуваме. Пред тоа бевме океј. Кој знае што ќе биде“ - откри тој.
Разделбата со Уна растажи многу нивни обожаватели. Тој тврди дека тие двајца се разделиле на мирен начин и дека останале во контакт.
„Нема некоја конкретна причина. Никој никого не измами, само се договоривме дека едноставно повеќе не оди. Секој отиде на своја страна и јас ѝ посакува сè најдобро. По разделбата не бевме во контакт, но се сретнавме во еден клуб. Се договоривме дека повеќе нема да се избегнуваме и еве, го одржуваме контактот. Не може толку брзо и лесно да се изгаснат чувствата, но се обидувам да ги пренасочам мислите, така што се фокусирам на музиката“.