Сестрата на Милан Станковиќ е згодна бринета: Никогаш не се експонира во јавност, а пејачот бил многу загрижен за неа поради оваа причина
За разлика од нејзиниот брат, Настасија избра да се занимава со медицина
Пејачот Милан Станковиќ веќе подолго време е во медиумска илегала, а ни во екот на најголемата популарност не сакаше да ги пкажувачленовите на семејството. Она што малкумина го знаат е дека тој има помлада сестра, Настасија.
Имено, родителите на Милан се развеле, а бидејќи татко му починал под неразјаснети околности, мајка му се премажила и тој ја добил сестрата Настасија Ѓукиќ. Освен што физички наликуваат, Станковиќ и неговата сестра имале љубов и кон истата професија - медицината. Двајцата завршиле средно медицина, а Милан потоа се свртел кон музиката, а сестра му кон медицината.
Денеска Настасија работи во болница, а Милан пред две години во интервју откри дека се плаши за нејзиниот живот поради коронавирусот.
- Поминав ноќи истражувајќи за короната, бев многу загрижен, глобално не ми се допаѓа таа приказна, а особено локално затоа што мојата сестра, медицинска сестра, е вработена во таа сфера. Кога ми ја испрати првата слика со сето тоа, се исплашив, но бев и горд. Завршив средно медицинско училиште, да не бев пејач, сигурно ќе лекував некого во моментов. Тоа е најхуманата работа – изјави претходно Станковиќ во емисијата „Премиер-викенд специјал“.
Извор: 24sedam.rs