Сестричката му дава знак да не мавта толку силно: Малиот принц Луис го украде шоуто на платинестиот јубилеј на кралицата Елизабета
Погледнете како се забавуваше симпатичната екипа во кочијата!
Принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луис го украдоа шоуто на прославата на платинестиот јубилеј на кралицата Елизабета.
Децата на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон станаа главни ѕвезди на церемонијата „Trooping The Color“ откако се возеа во кралска кочија на почетокот на јубилејнata прославa на нивната прабаба, кралицата Елизабета.
Принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луис им се придружија на војвотката од Кембриџ и војвотката од Корнвол додека учествуваа на Парадата на Коњаничката гарда и изгледа дека навистина уживаа.
Седумгодишната принцеза Шарлот изгледаше многу елегантно во син фустан, со коса исплетена во плетенка со соодветна лента, додека нејзиниот една година постар брат принцот Џорџ за таа пригода носеше темен костум со соодветна сина вратоврска.
Големо внимание привлече и четиригодишниот принц Луис, кој всушност го украде шоуто облечен во мало морнарско одело и се однесуваше како самиот да не верува дека гледа илјадници Британци собрани на прославата и срдечно ги поздравува.
А моментот кој веќе масовно се споделува е кога принцезата Шарлот го замолува нејзиниот помал брат да „престане да мавта“ толку силно додека тој ентузијастички ја поздравува толпата, и го фаќа за рака во знак да престане да го прави тоа, но малиот принц и понатаму продолжува со насмевка да мавта.
Според британските медиуми, младите принцови и принцезата денеска треба да се сретнат за прв пат со нивните братучетки Лилибет, која наскоро ќе го слави својот прв роденден и тригодишниот Арчи, кој со родителите пристигна во Лондон од Калифорнија.
Тие треба да ја следат парадата од балконот на палатата и со нетрпение се очекува нивното појавување.
Но, уште едно видео од принцот Луис стана вирално. Тој беше нетрпелив и немирко додека стоеја на балконот, па правеше гримаси, ги покриваше ушите и едноставно покажа дека е дете како и сите други деца.