Сестрите Ченг се впишаа во Гинисовата книга на рекорди: Поседуваат колекција од 3.388 балсами за усни
Покрај тоа што ги собираат, Скарлет и Кајлин прават бласами кои ги подаруваат...
Некои луѓе го поминуваат цел живот собирајќи одредени предмети и правејќи своја колекција, но не успеваат да се впишат во Гинисовата книга на рекорди.
На едно 6-годишно девојче му успеа тоа. Скарлет Ешли Ченг од Хонг Конг и нејзината две години постарата сестра Кајлин имаат неверојатна колекција од балсами за усни. Тогаш е забележано дека поседуваат 3.388 балсами.
Веруваме дека сега тој број е значително поголем. Нивната колекција содржи балсами од сите бои, вкусови, текстури, облици, брендови и намени.
Првиот балсам им го купила баба им, за да им ги одржи усните влажни. Сега сестрите Ченг, покрај колекцијата која ја поседуваат и самите прават балсами, кои главно им ги подаруваат на членовите од семејството и пријателите.