Северина покажа што доби за Денот на жената од поранешниот: Колку прекрасна честитка, тоа мора да е љубов
Северина на Инстаграм откри дека за Денот жената ѝ стигнал повик за на суд од Милан Поповиќ.
Пејачката Северина за Денот на жената доби „честитка“ на која не се надевала.
На својот профил на Инстаграм со пријателите сподели дека добива повик за на суд од поранешниот партнер и татко на нејзиното дете, Милан Поповиќ.
„Какава честитка за Денот на жената... Ме викаат на роденден, прекрасно. Како човек би кажала дека правната држава функционира.... Презимето го погрешиле.... Вакви има повеќе од 100. Тоа мора да е љубов. Среќен Ден на жената“ - напиаша со фотографијата од повикот за на суд на кој покрај нејзиното име пишува Којиќ, а датумот на одржување на постапката е 21 април и по се поклопува со нејзиниот 50-ти роденден.
„Никој не може против силна жена“, „Не можат тие со повици колку ти можеш да го победиш секој“, „Среќен Ден на жената, ќе го издржиш ти и ова, само силно“ - се само некои од бројните коментари полни со поддршка кои ги доби во коментари.