Шајло се врати на црвениот килим во фустан од мама: Првпат со насмевка од уво до уво
Анџелина Џоли, како и секоја добра мајка, им дозволува на своите ќерки да си позајмуваат фустани од нејзиниот плакар...
Шајло Џоли Пит (15) се врати на црвениот килим! Сите зборуваат за тоа дека најстарата ќерка на Аџелина и Бред за првпат ја виделе насмеана од уво до уво.
Интернетот е преплавен со фотографии од неа и сите се согласни: таа е совршена мешавина на совршените гени на две прекрасни личности.
Освен насмевката, публиката го искоментира и нејзиниот избор на облека. И овој пат Шајло се одлучи за фустан и тоа од нејзината мајка. Имено, во шарениот фустан на Диор, Анџелина веќе се појави во 2019 година. За црвениот килим во 2021 година, Шајло го имаше скратено фустанот на мајка ѝ и во него се прошета како професионалец.
Фустанот го имаше искомбинирано со црни балентанки, а на ушите имаше ставено сребрени обетки. На Џоли ѝ беа придружба и другите четири деца: Медокс, Захара и близнаците Вивиен и Нокс.
Причината зошто Анџелина се појави на црвениот килим со децата е промоција на нејзиниот нов филм со кој се најде во центарот на вниманието.
За оваа прилика актерката носеше широко црно здолниште, збогатено со набори, бела кошула и црно сако. Косата ѝ беше рамно исферана, а лицето нежно нашминкано.
По црвениот килим, Анџелина и нејзините деца заминаа во ресторан за да ја прослават промоцијата, а во таа прилика Шајло и Анџелина се имаат пресоблечено.
Шајло на себе носеше краток црн фустан и голема тексас јакна во која изгледаше фантастично, а Анџелина широк зелен фустан.
фото: Profimedia