Шакира сподели фотка со децата: Нема да им поверувате на очите - еве колку се пораснати
Шакира неодамна на својот Инстаграм профил сподели фотографија на која позира со синовите, 8-годишниот Милан и 6-годишниот Саша.
Пејачката со децата била во воден парк, а фотографијата на која се таа и нејзините синови има неколку милиони лајкови.
Нејзините обожаватели не можеа да го сокријат воодушевувањето, па така некои од нив го искоментираа следното: „Преслатки сте“, „Колку само пораснале“, „Прекрасно семејство, тие се толку големи“, „Едниот е ист како Шакира, другиот како Пике“, „Големи момчиња“.
Покрај фотографиите на кои се двете момчиња, Шакира сподели уште една фотографија на која едниот син го држи во раце.
„Милам почнува сериозно да ужива во ова“ - напиша таа.
Инаку, Шакира и Жерард Пике се запознаа на снимањето на спотот за нејзината песна „Waka, Waka“, која беше химна за Светското првенство во фудбал 2010 година.
Иако имаат два сина, својата љубов уште ја немаат крунисано со брак.