Шампионка, а толку скромна: Погледнете како изгледа станот во кој живее Милица Мандиќ

Шампионка, а толку скромна: Погледнете како изгледа станот во кој живее Милица Мандиќ

Објавена во: Совети // Семејство

Српската шампионка, која освои злато на Олимписките игри во Токио, Милица Мандиќ (29) е посветена, вредна и успешна млада девојка, која единствено не е скромна кога се во прашање спортските резултати.

Токму тоа ѝ донесе среќа на целата српска нација, а на неа за среќа повеќе не ѝ треба. Тоа јасно се гледа кога се види нејзиниот стан, бидејќи иако може да бира недвижнина во која ќе помине животот, Милица не се оптеретува со тоа.

Оваа шампионка живее во пристоен, скромен стан, кој не „блеска“ како становите на многу јавни личности, кои не можат да се пофалат ни со третина од успесите на Милица.

Станот ѝ е полн со плишани играчки, има неколку уметнички слики на ѕидовите, а катчето во кое поминува најмногу време ѝ е терасата.

Често, од неа, споделува видеа на кои вежба и тоа со својата посилна половина, долгогодишното момче Марко Ѓуричиќ, кој е исто така спортист.

Оваа двојка заедно е веќе 8 години.

Како што пишуваа српските медиуми во 2012 година, кога се занимаваа со темата каде растат српските шампиони, се откри дека олимписката шампионка во таеквондо, Милица Мандиќ, живеела во 45 квадрати со мајка ѝ Весна и татко ѝ Предраг, постарата сестра Јована и баба ѝ Живанка, која единствена имала своја соба.

Милица спиела на кревет на спрат, тренирала по двапати дневно 11 години, немала време за симпатија и сѐ што е составен дел од вообичаениот живот на млада градска девојка.

За потсетување, Милица во 2013 година од државата на користење добила двособен стан, а како што се пишуваше истиот дури по две години бил оспособен за живот и тоа поради протекување.

Милица, освојувачката на златни медали во таеквондо на Игрите во Лондон, тогаш доби стан во населбата Степа Степановиќ во Белград, а не го криеше задоволството поради овој подарок.

„Пресреќна сум, му благодарам на господинот Дачиќ и сите институции и луѓе кои помогнаа за да се оствари оваа идеја. Ова е голем ден за мене и моето семејство, навистина сме благодарни на ова. Јас можам само да ветам дека ќе продолжам да се трудам и да ја претставувам Србија на најдобриот можен начин во светот“ - кажа шампионката во 2013 година.

Во продолжение погледенте станот во кој денес живее со долгогодишното момче:


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: