Шест боб фризури кои никогаш нема да излезат од мода: Фризерите откриваат која е идеална за тебе
Боб фризурата веќе со години е една од најбараните и многу жени барем еднаш размислувале за ваква фризура. Боб фризурата е толку сестрана што во целата палета на должини и облици секој може да ја пронајде идеалната за себе, само треба да поразговара со фризерот за заедно со него да ја пронајдат најдобрата за обликот на лицето.
Кај боб фризурите дефинитивно не вреди она „one size fits all“, односно еден боб не одговара на секој тип на лице. Од кратките, строго кратките, па до слоевитите и „messy“ фризури, опциите се бескрајни, а изборот не е воопшто не е едноставен. За среќа, експертите за коса имаат совети како да се одбере вистинската.
Лук Хершесон, еден од водечките фризери во Лондон, вели дека изборот на вистинскиот боб е клучен, бидејќи ако не се прилагоди на обликот на лицето, не постојат производи за стилизирање на косата со кои фризурата ќе излгеда онака како што сте замислиле. Всушност, фризерот тврди дека доколку одберете совршен боб за себе, за стилизирање на косата ќе ви требаат минимални производи и време.
Овој фризер смета дека боб е универзална фризура, која им одговара на сите, но сепак препорачува да поразговарате со вашиот фризер за да ја пронајдете совршената. Вели дека е најдобро да се покаже фотографија како инспирација за фризерот да знае во која насока да оди.
Сид Хајес, популарен фризер, исто така за „Glamour“ тврди дека бобот е една од оние фризури кои им одговараат на сите, а најдобар е оној што е малку подолг од линијата на усните. Тој најдобро изгледа кога се носи малку неуреден, односно доколку има „messy“ ефект. Додава дека најлесно се стилизира „choppy“ варијантата, односно биб фризурата која не е супер - рамна, а сè што ви е потребно од производи е спреј за текстура.
Во продолжение ви носиме неколку најпопуларни боб фризури кои го „поминаа“ тестот и секогаш изгледаат „кул“:
# Краток боб инспириран од 90 - тите
# Слоевит боб со миди должина
# Боб со нееднакви краеви
# Степенаст боб
# Боб со „пердувести“ врвови
# Лоб („long“ боб)