Шестгодишната Софија поради злоставување на училиште завршила во болница: Ова е моето дете, ништо не јаде

Шестгодишната Софија поради злоставување на училиште завршила во болница: Ова е моето дете, ништо не јаде

Објавена во: Живот // Живот

Илјадници луѓе му пружија поддршка на едно девојче, откако неговата мајка Кери Голеџ од Тивертон во Девон на Фејсбук објави фотографија од последиците кои на нејзината ќерка ги оставило злоставувањето на училиште.

Кери раскажа дека нејзината ќерка Софија се разболела од стрес кој го предизвикале нејзините сурови другари. На фотографијата која ја сподели, девојчето лежи на кревет во боклница.

„Еве што прави злоставувањето. Ова е мојата шестгодишна ќерка, во болница, поради злоставување“ - напиша покрај фотографијата, која досега е споделена околу 211.000 пати.

Опиша како Софија престанала да јаде и како една ноќ повраќала 20 пати во еден час поради последиците кои на неа ги оставиле постапките на нејзините „најдобри пријателки“.

„Ова е моето дете кое безброј пати е хоспитализирано како последица која на нејзиното здравје ја остава анксиозноста. Тоа е моето дете на кое му кажале дека „зборува бајки на училиште“. Детето на кое на социјалните мрежи му се смеат родителите на децата кои го злоставуваат, само затоа што има чисто срце. Кога се обидов да го решам тој проблем со управата на училиштето, ми кажаа дека шестгодишните деца се такви“ - напиша.

Неколку дена подоцна Кери им се заблагодари на сите кои на неа и нејзината ќерка им пишувале коментари со поддршка, а откри и дека ќерката ја запишала во друго училиште.

„Ми ја вративте вербата во луѓето, која ја изгубив последните месеци“ - додаде.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: