Шестнаесет годишната Изабела се пожалила на главоболка: Лекарите го игнорирале високиот пулс на срцето, а девојката починала 3 дена подоцна

Шестнаесет годишната Изабела се пожалила на главоболка: Лекарите го игнорирале високиот пулс на срцето, а девојката починала 3 дена подоцна

Објавена во: Совети // Семејство

Ученичката (16) починала откако лекар рекол дека главоболките и се предизвикани од настинка

Изабела Кејт Коноли Велок (16) од Ланкашир, Велика Британија, починала откако неколку дена пред смртта, нејзиниот лекар утврдил дека главоболките на кои се жали се поради настинка.

Тинејџерката на 28 март годинава му се обратила на својот општ лекар и рекла дека има силни главоболки, а единственото нешто што го забележал при прегледот е покачен пулс, дури 139 во минута.

Меѓутоа, сите други испитувања биле во согласност со нормалната состојба, па заклучил дека таа најверојатно имала настинка.

Само три дена подоцна, Изабела колабирала во итната медицинска помош и починала неколку часа подоцна.

Изабела уште еднаш го посетила општ лекар пред смртта кога му кажала дека главоболките се смириле и дека се чувствува подобро. За пет часа од прегледот состојбата на девојчето сериозно се влошила, па нејзината мајка Џералдин ја однела во болница.

Девојчето се онесвестило во Итната помош, а лекарите и пружиле соодветна медицинска помош и и вклучиле антибиотици за да се елиминира можноста за инфекција. По речиси еден ден органите почнале да и откажуваат, била интубиирана, но состојбата и се влошила, по што починала.

По обдукцијата, која била извршена на 8 ноември, било констатирано дека младата девојка починала од сепса предизвикана од стрептококен менингитис.

Неколку недели пред смртта на Изабела, нејзините родители добиле писмо во кое ги информирале дека ученик во нејзиното училиште боледува од менингитис. За разлика од Изабела, неговиот случај бил сосема поинаков бидејќи девојката не покажувала никакви знаци на болест. Таа не беше почувствителна на светлина или имаше осип карактеристичен за менингитис.

Судскиот лекар рече дека никој не можел да претпостави дека вакво нешто ќе се случи по нејзината клиничка слика пред неколку дена.

-Изабела била многу љубезна и нежна душа и многу ќе им недостига на сите нејзини учители и соученици. Таа ги остави нејзините родители Иан и Џералдин, сестрата Брајд, бабата Барбара, тетките, чичковците, братучедите и многу пријатели, изјавиле нејзините другари.

Фото:screenshot

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: