Шинејд О'Конор го погреба својот малолетен син кој се самоуби, облечена во розово: Му ја исполни последната желба

Шинејд О'Конор го погреба својот малолетен син кој се самоуби, облечена во розово: Му ја исполни последната желба

Објавена во: Совети // Семејство

Таа му ја исполнила желбата на синот, но не се помирува со фактот дека младиот Невим си го одзел животот.

Музичката ѕвезда и кантавтор Шинејд О’Конор (55) вчера го погреба малолетниот син  Невим Нест Али Шејн О’Конор (17), кој на 7 јануари под неразјаснети околности си го одзеде животот.

Шинејд на погребот беше во светла, розова боја бидејќи тоа би го сакал нејзиниот син.

Околу педесет пријатели и колеги, се појавија на гробиштата Њуландс Крос во Западен Даблин.

Откако се врати во својот дом, таа напиша многу трогателен твит:

- Само што се простивме од нашиот прекрасен ангел Шени. Многу убава хинду церемонија. Тој би го сакал ова.


Да потсетиме, кога дозна за страшната трагедија, Шинејд им се обрати на медиумите со овие зборови.

- Ги идентификував посмртните останки на мојот син. Господ да ѝ прости на Ирска, бидејќи јас сигурно нема - рече таа и додаде:

- Ќе почекам да го оплакам синот, а кога ќе бидам подготвена на сите ќе им кажам точно како државата Ирска во своето не знаење, злоба и лаги во болницата „Тусла“ овозможи мојот син да умре.


извор:GLOSSY

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: