Ширењето на Ковид - 19 може да се спречи и без вакцина: Експиртите откриваат како

Ширењето на Ковид - 19 може да се спречи и без вакцина: Експиртите откриваат како

Објавена во: Живот // Живот

Клучот е во нешто поедноставно...

Новата студија на Универзитетите Харвард и Колорадо тврдат дека масовното тестирање би можело во потполност да го запре ширењето на коронавирусот и дека вакцинирањето можеби нема да биде потребно.

Фреквенцијата на тестирањето е клучна за да се спречи ширењето на инфекцијата, велат експертите.

„Кога ќе гледаме во пошироката слика, брзите тестови се подобра превенција, иако помалку чувствително, за разлика од тестовите за кои се чека, а даваат сигурни резултати“ - вели Даниел Лермор, доцент на Универзитетот во Колорадо.

„Со овој принцип, бројот на луѓе кои непотребно ќе останат во изолација ќе се намали, додека би се идентификувал бројот на заразени лица за кои е неопходна изолација“ - додаде тој. 

Студија е објавена во научното списание „Science Advances“ во кое Лермор учествуваше во соработка со научници од Институтот „BioFrontier“ од Универзитетот Харвард.

Истражувањата покажаа дека фреквенцијата на тестирањето е многу поважна од чувствителноста на тестот, бидејќи во голема мера го спречува ширењето на вирусот, зошто дури две третини од заразените немаат симптоми, а со чекањето на резултатите тие и понатаму ја пренесуваат инфекцијата.

Рој Паркер, еден од авторите на истражувањето, објасни дека во урбани услови, каде што, да речени, 4% од населението е заразено, благодарение на брзите тестови, бројот на заразени лица се намалил за 88%.

„Доколку половина нација се тестира на неделно ниво и ако се изолира во случај е позитивна, резултатот ќе биде одличен. За неколку недели, ќе може да забележиме дека пандемијата се спушта на ниво на кое полесно се контролира“ - изјави професорот по епидемиологија од Универзитетот Харвард.

Да потсетиме, Светската здравствена организација повика на масовно тестирање за време на првиот бран, со цел да се спречи ширењето на инфекцијата.

Ова би бил клучот за прекинување на синџирот на инфекцијата.

Од почетокот на пандемијата до денес, скоро 1,4 милиони луѓе починаа како последица од Ковид - 19.

Извор: telegraf.rs


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: