Шминка, аксесоари, гаџети – must have во секоја женска чанта
Без разлика на тоа дали се работи за класична, минијатурна или деловна, едно е сигурно – чантите се моден додаток и омилен дел од гардеробата и комбинациите на секоја жена. Колку и да е мала, секоја чанта мора да содржи неколку работи без кои жените не излегуваат од дома. Еве листа на неколку од нив.
Парфем
Велат дека на жената можете да ѝ ги одземете сите шминки, облека и модни детали, но не и омилениот парфем. Сега кога ладните денови се конечно зад нас, време е тешките мириси да ги замениме со летни, полесни и посвежи ноти.
Кармин
Класична и безвременска црвена, нежна розова или дискретна nude нијанса на кармин, сосема е сеедно. Без разлика дали станува збор за студено зимско утро, летна вечер или попладневно кафе со пријателките, добриот кармин може да ве освежи за момент, да ја надополни секоја дневна комбинација и да додаде доза на гламур.
Руменило
Содржината на оваа малечка кутија со само неколку потези го враќа во живот уморното и бледо лице и му дава здрава боја, што нѐ прави освежени, дури и кога не се чувствуваме така. Токму овој производ ги инспирираше креаторите на најновиот Samsung Galaxy Z Flip, првиот телефон на преклоп кој ги комбинира врвната технологија и чистата елеганција.
Мобилен телефон
Врвна технологија, уникатен дизајн, паметен телефон, кој совршено прилега на вашиот стил – сето наведено го опишува Galaxy Z Flip. Кога е склопен, лесно го собира во секој џеб или чанта, што го прави идеален за модерен живот во движење, а кога е отворен големината дупло му се зголемува, откривајќи неверојатен екран од 6,7 инчи. Дизајнот на новите, невидливи шарки го прават секое отворање и затворање стабилно и едноставно, а уредот може да остане отворен под различни агли, како лаптоп. Може да стои самостојно, овозможувајќи снимање и фотографирање во движење – од групни фотографии со тајмер, до живописни ноќни фотографии, без употреба на блиц. Исто така, никогаш не било полесно да направите селфи и тоа без употреба на рака, статива или селфи стик.
Очила за сонце
Иако се неопходен моден додаток во текот на топлите, летни месеци, се препорачува очилата за сонце да ги носите преку цела година. Ултравиолетовите зраци можат да многу да ѝ наштетат на кожата, но и на очите.
Вода
Постојано слушаме за штетноста од претераната изложеност на UV зраците, кои се најголеми виновници за прераното стареење на кожата, но не смееме да заборавиме ниту на хидратацијата. Водата значително влијае на здравјето и убавината на кожата, па не нѐ чуди што е еден од најефикасниот и наједноставниот трик за нега и зачувување на младиот изглед. Затоа искористите ја предноста од овој природен еликсир на убавина и заблескајте.