Шон Мендес откри дека е целосно опседнат со една серија: Животот никогаш повеќе нема да му биде ист

Шон Мендес откри дека е целосно опседнат со една серија: Животот никогаш повеќе нема да му биде ист

Објавена во: Stars // Филм

Апсолутно го освоила, иако не го очекувал тоа...

Кога сите зборуваат за одредена серија и се создава многу возбуда, тоа за некои може да биде одбивно и причина плус за да не ја гледаат. Шон Мендес сега е зависник од една таква серија. Тој не ја гледал кога тоа го правеа сите други, но сега вели дека животот никогаш повеќе нема да му биде ист.

Понекогаш има серија која целосно ги менува нашите животи и се прашуваме како не сме ја гледале порано, бидејќи е одлична. И, како да продолжиме откако ќе стигнеме до крајот? Шон Мендес моментално е во таква состојба поради една серија што неизмерно го воодушеви - „Игра на тронови“. Тој на Инстаграм објави дека оваа серија започнал да ја гледа само пред 3 дена и дека се навлекол на неа, но посочи и дека животот никогаш повеќе нема да му биде ист.


Поминаа скоро две години откако оваа серија заврши, а обожавателите не беа многу задоволни од крајот, а еден од нив дури и му искоментира на Шон да не ја гледа последната епизода. Шон и Камила очигледно решиле да го искористат карантинот за да ги изгледаат сите серии што не успеале претходните години. Тие претходно открија дека за време на карантинот, најмалку три пати ги изгледале сите филмови со Хари Потер, како и серијата „Stranger Things“. 


Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: