Шон Мендес откри: Со години ме присилуваат да признаат дека сум геј

Шон Мендес откри: Со години ме присилуваат да признаат дека сум геј

Објавена во: Совети // Семејство

Пејачот за првпат проговори за гласините дека неговата врска со Камила е „фејк“...

Шон Мендес за првпат реше да зборува за гласините дека е геј и дека неговата врска со Камила Кабелјо е параван, зад кој се крие.

Во интервјуто за британскиот „Guardian“, уште еднаш повтори дека е хетеросексуалец.

„Луѓето очајно сакаат да признаам дека сум геј, до таа мера што тоа беше смешно. Тоа ме нервираше поради тоа што знам многу луѓе кои се геј, а кои не смеат да го кажат тоа јавно и знам колку патат поради тоа“ - рече Шон и додаде:

„Потполно е неуко и бесчувствително кога луѓето прават такви работи.“

Новинарот го допре и фактот дека многумина мислат дека неговата врска со пејачката е лажна, креирана од неговиот ПР, за да се помогне во неговата и нејзината кариера. Сепак, многу повеќе го нервира кога некој не ја сака неговата музика.

„Во тоа е проблемот. Кога се обидувате да создадете нешто што ќе им се допадне на сите, а знаете дека тоа е невозможно. Тогаш доживувате потполен нервен слом“ - рече Шон.

Покрај тоа што не сака кога некој не ја сака неговата музика, вели дека комерцијалниот успех не му е важен: поради тоа не го погодува тоа што неговите последни песни не беа успешни на топ листите.

„Да бидам искрен, тоа не ме потресе. Она што луѓето не го гледаат се мејловите и пораките, кои ги добивам, а кои во кои луѓето ми пишуваат дека моите песни им ги промениле животите“ - објасни тој.


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: