Шон Мендес проговори за борбата со менталното здравје: Откри и зошто ја избричил главата
Закрепнувањето било тешко, а на обожавателите им откри што го поттикнало драстично да го промени својот изглед...
Шон Мендес искрено проговори за својата борба со менталното здравје во интервјуто за „Wall Street Journal“.
24-годишниот пејач минатата година во јули ја прекина турнејата „Wonder: The World Tour“, што за него претставувало многу тешка одлука, но на крајот се испоставила како исправна, бидејќи можел да се посвети на себе и да поработи на подобрување на својата внатрешна состојба и да се излечи.
„Процесот беше многу тежок. Многу работев на терапиите, се обидував да сфатам како се чувствувам и зошто се чувствувам така“ - кажа Шон.
Во тој процес, тој се потпрел на блиските луѓе во својот живот, кои многу му помогнале. Како што вели, очигледно му требало само време за да застане на земја и да помине некое време со семејството и пријателите.
„Им благодарам на луѓето кои ми дадоа љубов и кои беа полни со разбирање. Сега гледам како културата почнува да доаѓа до местата каде што ментално здравје станува приоритет“ - искоментира пејачот.
Бидејќи Шон имаше прекрасна кадрава коса, обожавателите останаа изненадени кога тој ја избричи главата и драстично го промени изгледот.
„Мислам дека сите би требало да знаат како изгледаат со избричена глава“ - се пошегува пејачот на оваа тема.
Секако добра вест за сите обожаватели на Шон е тоа што тој и понатаму има желба да создава музика. Во разворото за „Wall Street Journal“ откри дека сега е подготвен да почне да работи на некои нови песни, па веруваме дека наскоро ќе се врати со нови хитови и секако посилен од било кога.
фото: Принтскрин / Инстаграм