Што е најдобро да ѝ се подари на наставничката за крајот на учебната година? Пораката на еден татко ги насмеа сите
Оваа порака насмеа многумина и предизвика лавина од коментари на социјалните мрежи...
На социјалните мрежи една објава ги насмеа сите кои ја прочитаа.
На фотографијата која ја објави режисерката Сташа Копривица се гледа исцрпно објаснува на еден татко во група на „Вибер“, најверојатно група чии членови се родителите од едно училиште, за тоа што е најдобро да се да даде како подарок по повод збогувањето со наставникот.
Врз основа на неговата порака, може да се заклучи дека родителите не се согласни околу тоа кој подарок би бил најдобар избор.
Овој татко шеговито напишал дека најдобра инвестиција би била да се купи стан за наставничката, бидејќи на тој начин тоа ќе ѝ остане спомен засекогаш.
„Јас мислам вака, сите да споиме средствата во една банка и да примаме плата на исто место и потоа да подигнеме стамбен кредит и да купиме две гарсониери, една за директорката, а другата за класната. Тоа секако ќе им остане најголем спомен од нас, а и ние во наредните 30 години ќе бидете врзани едни за други“ - напиша тој.ж
Evo kako izgleda kad nekom ćaletu dopizdi svađanje oko poklona učiteljici u vajber grupi. (skinula sa Bebologije) pic.twitter.com/xslZqfzLzM
— Staša Koprivica (@SRKoprivica) June 10, 2021
Оваа порака насмеа многумина и предизвика лавина коментари на Твитер.
фото: Profimedia