Што гледавме: Нетфликс ја откри листата на најгледани наслови во 2020 година
Гледачите посебно уживаа во реалните програми и документарни филмови...
Доколку за некој беше добра оваа година, тогаш тоа се стриминг сервисите: луѓето поголемиот дел од времето беа приморани да го поминат дома, што значи дека повеќе време поминуваа пред екраните.
Тоа особено се одрази на навиките кои ги имаме, кога се филмовите и сериите во прашање: Нетфликс ги знае сите и ги претстави во својот годишен извештај, под назив „Што гледавме во 2020 година“.
Статистиката е многу интересна: откако Ковид - 19 започна да се шири низ светот во март 2020 година, гледаноста на емисиите за готвење, како „Nailed It!“ и „The Great British Bake Off“ порасна за 50% во однос на претходниот месец.
Документарните серии „Tiger King“ и „Killer Inside: The Mind of Aaron Hernandez“ беа помеѓу најгледаните, како и филмот „The Social Dilemma“. А, скоро па и да нема личност која нема изгледано барем една епизода од реалните емисии „Floor is Lava“, „Too Hot To Handle“ и „Love is Blind“.
И романтичните комедии ги гледавме почесто оваа година: „The Kissing Booth 2“, „Princess Switch: Switched Again“ и „To All The Boys P.S. I Still Love You“ важат за најгледани.
Еве ја целосната листа на најгледани наслови од Нетфликс од минатата година:
# „Tiger King: Murder, Mayhem and Madness (документарна реална серија);
# „Locke & Key“ (драма);
# „Space Force“ (комедија);
# „Outer Banks“ (драма);
# „Love Is Blind“ (реална програма);
# „The Queen's Gambit“ (драма);
# „Never Have I Ever“ (драма, комедија);
# „Ratched“ (драма);
# „The Circle“ (реална програма);
# „Sweet Magnolias“ (романтична серија).