Што кажува за тебе твојата омилена боја?
Сигурно имаш некоја омилена боја, а во продолжение прочитај што таа открива за твојата личност.
# Розева
Ти си девојка која на светот гледа малку наивно. Но, тоа и не е така лошо, бидејќи твојот ден најверојатно ќе биде повесел и поубав отколку на оние кои постојано гледаат зло во другите. Твоите пријатели на тебе секогаш може да сметаат кога е забавата во прашање, а им даваш и добри совети, кога е тоа потребно.
# Зелена
Ти си помалку флегматична личност. Настина ретко кога нешто може да те извади од такт и ги следиш своите визии без отстапувања. Склон/а си кон медитација и потрага кон духовната димензија на својата среќа.
# Жолта
Поздрав сонце! Оваа боја е на радоста и вистинската среќа. Твојата ведрина е заразна и покрај тебе на никој не му е здодевно. Оптимизмот ти е за секоја пофалба, но немој да го изгубиш допирот со реалноста.
# Црвена
Ти си вистински огномет. Одлучен/одлучна си, отворен/а и забавен/забавна. Не се срамиш да го кажеш своето мислење на глас. Твојата единствена маана е тоа што лошо ги поднесуваш критиките и не прифаќаш „не“ за одговор. Но, има време - ќе го научиш и тоа.
# Сина
Ти си момче/девојка со слободен дух, кој/а со задоволство го поминува времето сонувајќи и мечтаејќи. Обично си смирена и толерантна личност кон другите и тешко е да те видат нервозен/нервозна.