Што кога ќе се намалат приходите, особено по одење во пензија?
Животот вообичаено ни приредува изненадувања, некогаш не толку пријатни, но можеме да се подготвиме тие изненадувања да ги пресретнеме подготвени, осигурени и обезбедени за нашата иднина. Со полисата за индивидуално животно осигурување се добива долгорочно решение за штедење, сигурност и, пред сè, осигурување. Комбинацијата од трите неопходности што ни се потребни и се наш штит наспроти неизвесноста на иднината и тоа што ни носи животот.
Штедењето во индивидуалната полиса за животно осигурување е посебно корисна компонента затоа што овозможува сигурен капитал за времето кога се намалува финансиската моќ, особено по одењето во пензија. Исто така, паричните средства загарантирано се исплаќаат по истекот на осигурениот период, временски и просторно неограничено и брзо се исплаќа осигурената сума при несакан исход и настанување осигурен случај.
Како лидер во сегментот на животното осигурување во земјава, компанијата „Кроација осигурување-живот“ го нуди производот Индивидуално животно осигурување, кое нуди комбинација на најбезбеден облик на штедење, сигурност, како и осигурување и е целосно приспособлив на индивидуалните потреби.
Овој вид животно осигурување е временски неограничено, обезбедува загарантирана исплата на средствата по истекот на договорениот рок, финансиска сигурност за вас и вашето семејство, брза исплата при настанување осигурен случај или, пак, капитал за кога ќе се намалат приходите, особено по одење во пензија. Осигуреници можат да бидат лица од 14 до 65 години, а траењето на осигурувањето е од 10 до 25 години. Премијата може да се уплаќа месечно, квартално, полугодишно и годишно, минималната годишна премија е 180 евра, а се нуди и можност за договарање пензиска рента.
Кај овој вид осигурување постои и можност за вклучување дополнителни осигурувања, како од незгода, дополнително ризико осигурување или дополнително здравствено осигурување од тешки болести, од малигни болести, или во случај на оперативни зафати. Полисата опфаќа и осигурително покритие на ризикот од смрт на осигуреникот предизвикан од ковид-19.
Инвестирањето во овој производ е една од најмалку ризичните инвестиции. Затоа и со право се смета дека животното осигурување е мудра одлука. Дoнесете ја навреме со цел подобро да се заштитите себеси и вашите најблиски
* ПР - објава