Што открива за тебе должината на твојата коса?
# Кратка коса
Девојките со ваква фризура немаат многу време и интерес за долги фенирања и стилизирања. Тие ја обожаваат оваа фризура бидејќи е практична и практична за секој ден. Обично тоа се девојки кои се занимаваат со спорт, имаат богат социјален живот и постојано се во движење. Кога имате ваква фризура, не може да го сокриете своето лице, па овие жени обично се самоуверени и полни со самодоверба. Ја вреднуваат својата работа и успеваат да останат со ладни глави и да пронајдат решенија и во безизлезни ситуации. Сепак, понекогаш се и брзоплети и не размислуваат за можните последици.
# Коса до рамена
Девојките со средна должина на косата не може да се одлучат, па ја бираат „златната средина“. Сепак, тие често имаат проблем со носењето на одлуки во другите сфери од животот. Сакаат да одолговлекуваат и се склони кон сонување. Потребно им е некој да ги мотивира за да излезат од својот мал свет. Тие се задоволни со својата елеганција и тоа како ги привлекуваат другите. Обично се во центарот на вниманието и нивната природна убави не може да помине незабележана. Но, не ги прави актрактивни само нивната појава, тие исто така се многу комуникативни, брзо склопуваат пријателства и ги одржуваат истите. Ги ценат предизвиците и одговорностите.
# Долга коса
Девојките со долга коса сакаат и долги врски и му се верни на партнерот. Меѓутоа, кога е во прашање изборот на тој партнер, многу се пребирливи и имаат големи очекувања. Но, кога еднаш ќе го пронајдат господинот Совршен, подготвени се да му се предадат со целото свое срце. Жените со долга, но степенасто ишишана коса, подготвени се на компромиси во изборот на момче, како и во врската. Жените со долга коса со еднаква должина, веруваат во традиционалната поделба на машките и женски улоги, во потполност се чувствуваат како понежен пол и сакаат така да бидат третирани. Тоа значи дека нивниот маж мора да биде романтичен, внимателен и да им удоволува.