Што открива за вас омилената боја на лак за нокти?
Зошто на некои бои на лак секогаш се враќате? Дали некогаш сте се запрашале дали тоа зборува нешто за вас? Кратко и јасно, бојата на лакот е одраз на вашата личност или моменталното расположение.
# Црвена: самоуверена
Велат дека момците најмногу сакаат црвени нокти кај жените, а овој факт не изненадува, бидејќи тие оставаат впечаток на самодоверба и сила. Освен тоа, никој не може да го оспори сексапилот со кој зрачи оваа огнена боја.
# Жолта: ведра
Девојките кои имаат жолти нокти се храбри, бестрашни и многу ведри личности, кои не се плашат од предизвици. Жолтата боја им дава енергија и е една од највпечатливите.
# Зелена: широки раце
Девојките кои го сакаат зелениот лак се духовни типови и многу добри пријателки, кои секогаш се подготвени да дадат искрен совет.
# Портокалова: дружељубива
Вие сте темелот во друштвото и секогаш сте во потрага во нови начини на забава.
# Сина: сигурна
Сината боја се поврзува со стабилност. Освен тоа, многумина веруваат дека токму таа допринесува за опуштање на телото и умот. Во последно време често може да се видат девојки кои имаат ваква боја на лак.
# Розева: романтична
Ноктите обоени во розево не се резервирани само за романтични дружења, туку може да бидат и одраз на вашето генерално расположение. И додека светлите нијанси го откриваат девојчето во вас, оние темните будат страст.
# Бела: подготвена за нов почеток
Белата боја симболизира нов почеток. Без разлика на тоа дали купувате нова јакна, тргнувате во ново училиште или ве очекува годишен одмор, промената доаѓа со ноктите во бела боја.
# Црна: моќна
Ноктите во црна боја будат стравопочит и служат како еден вид на заштита од надворешниот свет. Тие велат: „Подобро никој да не се шегува со мене!“