Што рече кралот Чарлс III за принцот Хари и Меган Маркл? Првото обраќање по смртта на кралицата ја шокираше јавноста
Откако јавноста ја потресе веста за смртта
на кралицата Елизабета Втора, тогашниот принц, а сегашен крал Чарлс Трети, се
најде во центарот на вниманието на јавноста.
Новиот британски крал Чарлс Трети вчера ѝ се обрати на нацијата за прв пат откако јавноста беше потресена од веста за смртта на кралицата Елизабета Втора.
Тој седна на своето ново место, по што следеше телевизиско обраќање до нацијата во кое ги откри новите официјални титули на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон. Исто така, тој не ги заобиколи и вториот син, принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл.
Иако се откажале од кралските титули и отишле да живеат далеку од семејството, кралот Чарлс III не сакал неговиот син да се чувствува запоставен и отфрлен, туку му пружил рака на помирување.
„Сакам да ја изразам мојата љубов кон Хари и Меган додека тие продолжуваат да ги градат своите животи во странство“, рече Чарлс.
Неговите зборови многумина ги протолкуваа како обид да најде заеднички јазик со вториот син и да го убеди повторно да стане дел од семејството.
По смртта на кралицата, принцот Вилијам ја доби титулата принц од Велс.
Да потсетиме, Хари и Меган имаат затегнати односи со кралското семејство откако се повлекоа како високи членови на кралското семејство во јануари 2020 година.
Во интервјуто направено со познатата новинарка Опра Винфри во март 2021 година, принцот Хари откри дека се чувствувал многу лошо затоа што неколку пати му се јавувал на својот татко, но тој не се јавувал на неговиот телефон.
-Кога бевме во Канада имав три разговори со баба ми и два со татко ми пред да престане да одговара на моите повици - рекол тогаш Хари.
Во декември 2021 година, се појавија нови информации дека принцот Хари и неговиот татко „едвај зборувале“ со месеци.
Меѓутоа, по смртта на кралицата, работите се сменија. Сепак, кралот Чарлс III сфатил дека лошите односи никому не му носат добро и дека е време да се намалат тензиите и да се поправат семејните односи.
- Принцот Чарлс очигледно сфаќа дека мора да ја преземе помирувачката улога на возрасен човек како што порано ја имаше принцот Филип - рече Кутрон.
- Како и неговиот татко, тој сфаќа дека дозволувањето на емоциите да растат ќе биде пад на Виндзор. Принцот Филип го користеше, како што го нарече кралицата, неговиот „безобразен хумор“ за да ги размрда пердувите, дури и со мајката на Хари и Вилијам, Дијана. „Чарлс ќе мора да најде свој начин да го задржи семејството заедно наместо да дозволи да се распаднат поради расправии“, додаде тој.
Фото: профимедиа