Што се случува во нашиот организам кога сме заљубени?
Не се менуваат само нашите мисли кога сакаме некој, туку се менува целото тело...
Од сите чувства кои човекот може да искуси, љубовта е најмоќното од сите. Ништо во животот не може да биде толку инспиративно, застрашувачки и просто неверојатно во исто време како љубовта.
Интересен е и податокот дека не се менуваат само нашите мисли кога сакаме некој, туку се менува и целото тело. А, еве и како:
# Допамин е хемиска супстанца која нашиот мозокот ја поврзува со чувството за задоволство. Од друга страна, оваа супстанца е тесно поврзана и со чувството за зависност, па оттука и не е изненадувачки фактот што во многу песни чувството на заљубеност се поистоветува со опиеноста или влијанието на наркотиците. Љубовта можеби е и една од најсилните дроги, гледано од таа страна. Според зборовите на д-р Хелен Фишер кога некој ќе ни се допадне, целото внимание го насочуваме кон него, токму поради засиленото лачење на допаминот.
# Норадреналин е од научна страна гледано, одговорот на она што го нарекуваме пеперутки во стомакот, бидејќи токму оваа хемиска супстанца му испраќа сигнали на срцето да пумпа повеќе крв, отколку што е тоа случај кога организмот е во опуштена состојба.
# Окситоцинот го намалува стресот, а најприсутен е во организмот за време на бакнувањето и гушкањето.
# Иако тестостеронот обично се поврзува со мажите, овој хормон се лачи и кај жените, само што тогаш во нивниот организам се зголемува и лачењето на естрогенот за да се воспостави рамнотежа. Како што е познато овој хормон се лачи во текот на сексуалните односи.
# Главниот комплекс за хистокомпатибилност (MHC), кој се наоѓа во склоп на ДНК, е одговорен за онаа позната изрека дека спротивностите се привлекуваат. Според најновите истражувања, човекот може да почувствува различен MHC кај друг човек, така што во тоа се наоѓа клучот на тоа дека различностите се привлекуваат.
# И за крај, познатиот феромон, за кој многу се знае. Мирисот игра голема улога во сексуалната привлечност и е причина поради која жените сакат да ги носат блузите на својот драг.