Што велат поранешните девојки на Зејн Малик за односот со него?
На сите им е добро познат емотивниот живот на Зејн Малик, кој секогаш предизвикувал лавина коментари, како кај обожавателите, така и кај луѓето од јавниот живот. Големо внимание привлече моменталната ситуација со сега веќе поранешната партнерка Џиџи Хадид, што ја доведува во прашање нивната врска во текот на годините.
Иако уште ништо не е решено, блиски извори потврдија дека двојката ставила точка на својата врска по инцидентот на Зејн со мајката на Џиџи, Јоланда Хадид.
Но, Џиџи не му е прва девојка, па затоа во продолжение погледнете како поранешните девојки ги коментираа нивните врски со некогашниот член на One Direction. Ова може да ви помогне и да создадете слика за тоа каков човек е Зејн.
# Пери Едвардс
Иако познатата пејачка никогаш јавно не ја искоментира врската на Зејн и Џиџи, во „The Kyle & Jackie O Show“ кажа: „Никогаш не сум поминувала волку време со своето момче, никогаш не сум поминала толку време во својата куќа и никогаш не сум имала време да ги правам работите кои сум сакала да ги правам како сега. Така што, беше убаво, но повеќе не знам ни кој ден е денес.“
Да потсетиме дека оваа девојка од Little Mix ова го изнесе во април 2020 година, кога се дозна за бременоста на постарата сестра Хадид. Поранешните вереници беа заедно во период од 2013 до 2015 година.
# Енрика Петронгари
„Од време на време се допишуваме, но не сум го видела долго“ - кажа Енрика за „In touch“, а потоа раскажа како се запознале: „Почнав да работам за него, бидејќи сум ортопедски терапевт за медицинска масажа во Њујорк. Луѓето од агенцијата ме прашаа да работам во неговата куќа и ми кажаа дека во прашање е позната личност, но јас не знаев за кој станува збор. Отидов таму и сè беше супер. Чекор по чекор се зближувавме, а тој почна сè почесто да ми пушува да одам кај него.“
Енрика исто така додаде дека ѝ е многу чудна моменталната ситуацијата, бидјеќи познатата двојка ѝ изгледала дека е среќна.
# Ребека Фергусон
Зејн и Ребека се запознаа во 2011 година во текот на натпреварувањето Х-фактор. Иако беа кратко време заедно, пејачката во 2020 година за британските медиуми кажа:
„Многу сум внимателна за тоа што го зборувам за Џиџи. Да сум јас бремена, никогаш не би сакала да ја слушнам поранешната девојката на таткото на моето дете, како зборува за мене и мојата бременост. Така што, сè што ќе кажам дека било која вест за бебе е добра вест, бидејќи тоа значи дека на свет доаѓа преубав, мал живот. Не сакам да ги навредам Џиџи и нивната прекрасна врска.“