Шварценегер ископиран од неговиот вонбрачен син: Започна лавина од коментари (ФОТО/ВИДЕО)
Инаку, тој не ни знаел дека Арнолд му е татко до својата 13-та година
Телевизиската личност и актуелна ѕвезда на „Танц со ѕвездите“, Џозеф Бејн, вонбрачниот син на Арнолд Шварценегер, привлече големо внимание во јавноста откако во шоуто го ископира славниот татко. Имено, за да се прилагоди на филмската вечер на емисијата, тој се облече како Конан од 1982-ра година.
Облече кожен килт, па дури и направи фризура која Арнолд некогаш ја носел за потребите на гореспоменатото достигнување.
Со овој потег тој започна лавина од коментари и од пријателите и од обожавателите на Инстаграм, кои го уверија дека може да стане новиот Конан.
Кој е Џосеф?
Инаку, овој млад човек не знаел дека Шварценегер му е татко до својата 13-та година. Според пишувањата на странските медиуми, неговата мајка Милдред Патриша Бејн имала афера со познатиот актер во периодот кога му работела како куќна помошничка.
Роден е во 1997 година.
Арнолд тогаш бил во брак со Марија Шивер, а Милдред, откако дознала дека е бремена, го напуштила нивниот дом, за бебето да остане тајна.
Таа го одгледала својот син Џозеф во Бејкерсфилд, Калифорнија, околу 100 милји северно од Лос Анџелес.
- Живеевме скромно. Тоа е кварт од Гватемала, така да се каже. Сепак, целата страна на мајка ми е од Гватемала. Имаме доста семејство од Колумбија и сето тоа е голем дел од мене - Џосеф еднаш си ја отвори душата за тамошното „Men's Health“.
Џо исто така течно го зборува јазикот. Тој е исклучително горд на своето потекло. Откако почнал јавно да се експонира, не го земал презимето на Арнолд, бидејќи не сакал никој да помисли дека „сака да стане познат преку него“.
На 13 години почнал неодоливо да личи на актерот, па сепак мораше да се открие тајната на неговата мајка. Јавноста за сè дознава во 2011-та година, додека Шварценегер за сè станал свесен кога неговиот вонбрачен син имал осум години. Марија се посомневала и се соочила со него за сè на една сесија и пред терапевтот. Потоа, таа ја објави книгата „ТTotal Recall: My unbelieveably true life story“.
Тој подоцна ѝ се извини, по што и двајцата заплакаа.
- Бев осмо одделение, беше петти или шести час, добро се сеќавам на тој ден. Ме повикаа надвор од часот. Мајка ми дојде. Таа рече: „Мораме да одиме, сè повеќе луѓе знаат за тебе и кој е твојот татко“ – рече Џозеф, потсетувајќи се на моментот кога целата негова семејна приказна ја виде светлината на денот.
Извор: 24sedam.rs