Шварценегер му ги прекинал финансиите на синот по завршувањето на факултетот: Ми кажа дека сега сум оставен на себе
Џозеф дознал кој е неговиот татко дури во 2011 година, кога неговата баба му објаснила сѐ, а оттогаш, според неговото признание, животот му се променил...
Синот на Арнолд Шварценегер, Џозеф Баена, откри дека неговиот татко одбил да го финансира кога дипломирал.
Имено, Арнолд го добил Џозеф со жена која работела во неговиот дом и која наводно била бремена во истото време, кога неговата сопруга Марија Шрајвер го очекувала нивното четврто дете.
Џозеф дознал кој е неговиот татко дури во 2011 година, кога неговата баба му објаснила сѐ, а оттогаш, според неговото признание, животот му се променил.
Тргнал по стапките на татко му, па станал актер и бодибилдер, но кога татко му престанал да го финансира по факултетот, тој се насочил кон недвижнините за да може да се издржува.
„Благодарен сум му на татко ми што ми помогна додека студирав. Но, кога тоа заврши, тој ми кажа: „Понатаму одиш сам““
Џозеф тогаш се обидел да се занимава со глума, но тоа не му тргнало, па морал да тргне по друг пат.
„Ми требаше работа, не добивав улоги и немав како да заработам. Морав нешто да работам, па почнав да волонтирам во една агенција за недвижнини. Сакав да научам што е можно повеќе и да заработам пари. Но, потоа почнав да уживам во тоа и сфатив дека тоа го работам добро, така што добив лиценца“ - заклучи Џозеф.
Интересно е дека Арнолд Шварценегер не е единствениот родител од Холивуд, кој престанал да го финансира своето дете по завршувањето на факултетот. НБА легендата, Шекил О'Нил го направи истото, и објасни дека сака неговите деца да работат за да научат што значи да се биде успешен.
фото: Принтскрин / Инстаграм