Си ја пијат крвта еден со друг, сака да ги исече градите за да ѝ ја даде душата: Морничави детали од врската на Меган Фокс и Машин Ган Кели
Меган Фокс е популарна повеќе од било кога, пред сѐ благодарение на романсата со музичарот Машин Ган кели, а актерката неодамна позираше за насловната страница на априлското издание на магазинот „Гламур“.
Убавата 35-годишна актерка изгледаше секси и сензуално на сцената, во белиот фустан со апстрактни детали, кој го потпишува брендот Ирис Ван херпен, а за заводливата појава допринесе и нејзината предолга, бујна коса.
Меган за „Гламур“ проговори и за својата љубов со Кели, истакнувајќи дека верува дека судбината ги споила.
„Тој е мојот физички тип кој буквално го манифестирам од мојата четврта година. Исто така, јас сум четири години постара од него. Значи, мислам дека јас го создадов. Моите мисли и намери го обликуваа во тоа што е. Којзнае како би изгледал и кој би бил доколку не бев јас“ - изјави актерката.
Познатата убавица се осврна и на фактот дека таа и Машин за време на веридбата во јануари си ја пиеја крвта еден на друг.
„Значи, најверојатно луѓето не замислуваат со пехари додека си ја пиеме крвта еден на друг, дека сме како во „Игра на престолот“. Но, тоа се само неколку капки и тоа во ритуални цели. Се трудам да го контролирам тоа и да пуштиме само неколку капки крв. Но, тој е многу похаотичен, подготвен е само да ги исече своите гради со скршено стакло и да каже: „Земи ја мојата душа““ - раскажа таа.
Актерката, која со поранешниот сопруг Брајан Остин Грин има три синови - Ноа, Боди и Џурни, проговори и за охрабрувањето на своите деца да се изразат како што сакаат низ облеката која ја носат, а притоа да се чувствуваат „чудно или поинаку“. Имено, сите три момчиња често носат фустани и ја пуштаат косата, во што најупорен е најстариот Ноа.
„Купив многу книги кои се занимаваат со оваа тематика, а некои се напишани од трансродни деца. Некои од тие книги зборуваат само за тоа како можете да бидете момче и да носите фустан; низ облеката може да се изразите како што сакате. А, тоа дури не мора ни да има врска со вашата сексуалност. Откако беа многу млади, ги вклучував овие теми во нивниот секојдневен живот за никој од нив да не се чувствува чудно или поинаку“ - објасни таа и призна дека сепак се грижи поради тоа што 9-годишниот Ноа страда, бидејќи одбира да носи фустани.
„Имам дете кое страда. Имам многу грижи околу тоа, бидејќи би сакала луѓето да не се такви“ - додаде.
фото: Принтскрин / Инстаграм