„Си роди машина за правење пари“: Кајли осудена откако откри дека нејзината 3-годишна ќерка започнува сопствен бизнис

„Си роди машина за правење пари“: Кајли осудена откако откри дека нејзината 3-годишна ќерка започнува сопствен бизнис

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Кајли Џенер беше мета на критики откако во своето последно видео откри дека нејзината 3-годишна ќерка Сторми ќе започне таен бизнис и дека веќе има своја канцеларија и ги завршува сите обврски поврзани со нејзината нова работа.

Досега се покажа дека навистина можеме да очекуваме сè од кланот Кардашијан/Џенер, но овој пат, со последната акција, Кајли ги надмина сите очекувања.

Имено, во своето последно видео покажа како изгледа типичен ден за козметиката Кајли, а попатно се осврна и на нејзината тригодишна ќерка Сторми, која си играше додека славната мајка ги завршуваше своите должности. 

И тоа можеше да биде уште еден симпатичен момент за мајка-ќерка, ако Кајли не откриеше дека нејзината ќерка ќе стане претприемач и дека работи на својот таен бизнис што ќе го започне деновиве.

„Сторми има многу силни жени околу себе на кои може да се огледа“, рече Џенер и додаде: „Би сакала Сторми да ме погледне еден ден како што ја погледнав мајка ми Крис. Засега, таа оди да работи со мене и го сака тоа. Впива сè “.

„ Таа веќе има своја канцеларија и работа која треба да ја заврши. Таa работи напорно на својот таен бизнис, кој всушност ќе започне за неколку дена. Таа работи на тоа веќе некое време", рече Кајли, која неодамна се смири со Тревис Скот, таткото на Сторми. Сепак, контроверзната изјава беше проследена со голем број критики под видеото и на социјалните мрежи. 

„Ти роди машина за правење пари“, „Пушти го детето да биде дете“, „Те пофалија дека си добра мајка, но ти всушност гледаш во се‘ само пари“, „Сите игравме како мали, но играта е една работа, а деловните обврски се друго“, „ За ова треба да те посетат од социјалните служби“, „ Травис реагирај... “, се само дел од коментарите.

Од друга страна, имаше и такви кои не гледаа ништо лошо во тоа, особено затоа што Сторми и Кајли веќе имаа, условно кажано, соработка, кога Џенер издаде колекција инспирирана од нејзината ќерка. Многумина мислат дека Кајли најверојатно ќе лансира линија на играчки или шминка за деца, но до лансирањето на тајната колекција, можеме само да претпоставуваме.

Што велите, дали е во ред потегот на Џенер или сепак треба да ја остави својата ќерка да си игра и да ужива во детството, кога веќе не мора да се грижи за егзистенцијални проблеми.


Фото: Инстаграм/Кајли Џенер/Youtube/screenshoot

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: