Си родив најдобра другарка: 35-годишна мајка и 16-годишна ќерка изгледааат како да се сестри
Оваа млада мајка на социјалната мрежа ТикТок ја следат повеќе од 1,5 милиони луѓе.
35 - годишната Летиција е инфлуенсерка од Америка, која последните денови стана сензација на социјалната мрежа ТикТок, кога објави видео со ќерка ѝ и потполно ги шокираше своите следбеници.
Имено, поради нејзиниот младолик изглед никој не би можел да претпостави дека има ќерка од 16 години.
„Не можам да верувам дека имаш дете од 16 години. Неверојатно“ - гласеше еден од коментарите.
Летиција објаси дека како тинејџерка ја добила ќерка и дека тие две пред сѐ се најдобри другарки.
„Јас себе си родив пријател за цел живот“ - напиша оваа жена.
@leticiagardner Can you guess how old I was when I had her? #mom #daughter #friend #dance #locs #beauty
Kiss Me More (feat. SZA) - Doja Cat
Луѓето често мислат дека се сестри или другарки, а нејзината ќерка вели дека тоа воопшто не ѝ причи, туку дека дури и годи.
„Секако дека не сум љубоморна на мајка ми. Горда сум на неа и на тоа како изгледа“ - изјави ќерката на Летиција.
Оваа жена откри дека цел живот била самохрана мајка, која ги охрабрува и другите мајки да ги споделат своите приказни и на тој начин да ги поддржат сите самохрани мајки.
„Јас ја добив ќерка ми на 17 години. Таа навистина е мојот најдобар пријател“ - напиша една од нив.
Многу жени се воодушевени од нејзиниот изглед, па се прашуваат дали постои некоја тајна која се крие зад нејзиниот изглед.
„Не изгледав вака отсекогаш, но во последните две години тренирам по три пати недела и се хранам здраво“ - напиша таа.
Летиција ја пронашла љубовта на својот живот и родила уште едно дете, но како што вели тоа не ја спречува да биде популарна на социјалните мрежи.
„Можеби сум престара за да бидам овде, но сум со млад дух и не гледам ништо погрешно во ова“ - заклучи Летиција.