Сиднеј Свини го покажа вереничкиот прстен: Ги замолчи сите они кои шират гласини дека го изневерува својот вереник

Сиднеј Свини го покажа вереничкиот прстен: Ги замолчи сите они кои шират гласини дека го изневерува својот вереник

Објавена во: Мода // Moj стил

Изминатите месеци се ширеа гласини дека веридбата ѝ пропаднала, но очигледно е дека тоа не е вистина...

Ѕвездата на серијата „Еуфорија“ на Филмскиот фестивал во Кан, беше придружувана од нејзиниот вереник Џонатан Дејвин. Додека го напуштала луксузниот хотел, папараците на американскиот таблоид „Page Six“ ја уловиле.

Иако нејзиниот „slip“ фустан бил и повеќе од впелатлив, најголемо внимание привлекол вереничкиот прстен, кој првпат по долго време го ставила рака, откако во февруари 2022 година објави дека се верила.

@pagesix #SydneySweeney Slow and melancholy emo Lofi chill beat(885340) - SAKUMAMATATA

Со ова Сиднеј им ги затвори устите на сите оние кои зборуваа дека го изневерува своето момче со колегата, актерот Глен Пауел и дека веридбата ѝ пропаднала.

Сиднеј со Глен беше ангажирана за снимањето на филмот „Anyone But You“, а медиумите претпоставуваа дека помеѓу нив имало романса. Тие гласини ги поттикна и разделбата на Глен Пауел и неговата (сега веќе поранешна) девојка Џиџи Парис. Извори блиски до актерот открија дека нивното раскинување немало никаква врска со Сиднеј или со снимањето на филмот што се одвивал во Австралија.

На фестивалот во Кан, Синдел делуваше повеќе од среќно со својот вереник, па изгледа дека на младата актерка подеднакво ѝ цветаат рози и на приватно и професионално поле.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: