Сигурна во себе и своите фанови: Гиговска се огласи по завршувањето на Ѕвездички!
Во петокот вечер заврши и петтата сезона на музичкото натпреварување „Пинк ѕвездички - All stars“. За време на целото натпреварување единствената македонка Антониа Гиговска важеше за фаворит, но завршницата не беше во нејзин прилог.
Имено, победата ја однесе шармерот Сергеј Пајиќ, а Антониа го освои третото место. Во финалето ја изведе евровизиската „Proud“ и баладата на Гага, „I'll never love again“.
Но, набрзо по завршувањето на шоуто таа сподели Инста стори на кое напиша: „Луѓе победнивме! Фала ви на сите што гласавте за мене“.
По ова стори можеме да заклучиме дека младата пејачка овој пораз го надмина лесно и не дозволи да влијае на нејзината самодоверба.