Сигурно ја знаете пејачката на фотографијата, но не може да ја препознаете: Милиони луѓе не можат да погодат за која станува збор
Но, нејзиниот живот не бил воопшто лесен. Со години работела како стриптизерка и така заработувала за живот, а била во врска со момче кое физички ја злоставувало. Призна дека ја лажела мајка ѝ за нејзината професија и ѝ велела дека работи како дадилка во богати семејства.
А, кога во една прилика ја открила вистина, била исфрлена од дома. Своите музички соништа се обидувала да ги оствари во музичкото реално шоу „Love And Hip Hop: New York“ и очигледно тоа ѝ успеало.
Денес е во брак со раперот Офсет со кој ја доби ќерката Калчр Кири Кефус, а пред два месеци на свет донесе и наследник. Иако го среди својот живот, Карди и понатаму е мета на негативни коментари, а обожавателите често ја напаѓаат дека без грам шминка изгледа непрепознатливо.
„Дали е можно ова?“, „Не сакам да навредам никој, но ова е лошо“, „Зошто користи толку агресивна шминка“, „Непрепознатлива е“ - се само некои од коментарите кои може да се прочитаат на социјалните мрежи.
фото: VAEM / BACKGRID / BACKGRID USA / PROFIMEDIA