Сигурно ќе ви текне: Како изгледаше девојката која го позајмува гласот на Биби како малечка? (ФОТО)

Сигурно ќе ви текне: Како изгледаше девојката која го позајмува гласот на Биби како малечка? (ФОТО)

Објавена во: Stars // Филм

Таа го позајмува гласот на омилениот лик на најмалите, Биби

Младата актерка Слаѓана Вујошевиќ уште како дете се заљубува во актерството и се дава целосно во секоја нова изиграна улога. Покрај својата работа во Турскиот театар во Скопје, оваа позитивна девојка напоредно може да ја видиме во уште неколку проекти.


Токму еден од нив е „Светот на Биби“ во кој Слаѓана се крие позади примамливиот глас на умното и храбро девојче Биби кое ги освои срцата на сите деца. 

Можеби ќе се сетите на неа кога ќе ги видите овие фотографии од нејзината улога во серијалот за деца „Умни глави“.


- Со секоја нова епизода, преку ликовите на Биби и Боби, а сега веќе и ликот на тато Тино учам нови работи за планетата Земја и сите останати планети и ѕвезди од нашиот Сончев Систем, учам за нашата земја Македонија, за места, животни и растенија за кои претходно не сум знаела. Со ликот на мама Ана учам нови рецепти и ми се развива љубовта кон готвењето! А со оглед на тоа дека Биби како што знаете е мала умница, од неа учам за тоа како сакам да си го воспитам сопственото дете, да ја сака и чува природата, да не молчи пред неправдите и да биде добар и искрен другар. Морам да бидам искрена дека, секогаш кога ми доаѓа да претрчам преку улица подалеку од пешачкиот премин ми се јавува гласот на Биби како предупредување. Биби не е само проект во кој јас како актерка се реализирам, тоа е проект во кој јас растам како личност и секојдневно работам на себе - раскажа таа во интервју за Женски Магазин.

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: