Сигурно не сте го знаеле ова за најпопуларните летни хитови: „Макарена“ е неверна, „Ламбада“ плагијат!

Сигурно не сте го знаеле ова за најпопуларните летни хитови: „Макарена“ е неверна, „Ламбада“ плагијат!

Објавена во: Stars // Музика

Во летните месеци на радио станица се враќаат хитовите кои пеат за летото. Но, зад многу од тие песни се кријат интересни приказни, па така и за „Макарена“ и „Ламбада“.

Шпанското поп дуо Los del Rio го објави синглот „Макарена“ во 1994 година, а заразниот ритам и познатите танцувачки чекори направија „Макарена“ да биде слушана на многу семејни прослави, собири, дури и верски собрски, пишува „Јутарни лист“.

Всушност, песната „Макарена“ говори за девојка која го има тоа име и го изневерува своето момче со двајца пријатели, додека тој е во војска.


Пред точно 30 години сите играле на „Ламбада“ и направени се напори да се разбере што се пее во оваа песна. „Ламбада“ е песна на француската поп група Каома, како прв сингл од албумот „Worldbeat“.

Песната всушност е преработка на песната „Llorando se fue“ која во оргинал ја компонирала, изведувала и снимила групата Лос Кјаркас од Боливија во 1981 година.

Се испоставило дека Каома ја направила оваа преработка без авторитизација, па во 1990 година дошло до судење, на кое Лос Кјаркас се избориле за своите права.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: