СИМПАТИЈА НА НЕДЕЛАТА: Емилија Трајкоска, идна правничка со глас на славеј!

СИМПАТИЈА НА НЕДЕЛАТА: Емилија Трајкоска, идна правничка со глас на славеј!

Објавена во: Crush Of The Week, Музика, Таленти

Емилија Трајкоска е нашата најнова симпатија за оваа недела. Има само 17 години, а годинава ќе матурира во СЕПУГС „Васил Антевски - Дрен“. Иако школувањето и оди во правна насока, таа е заљубена во музиката уште од мали нозе.


Пеењето и е хоби кое што го негува, но полека и сигурно има во план да започне професионално да се занимава со музиката. За тоа говорат и многуте успешни настапи.
Оваа година победи на Државниот натпревар "МАССУМ" во категоријата "Соло музички изведувач", а на Градскиот натпревар "Смотри" се закити со првото место и ја освои главната награда. Емилија има завземено учество и на талент шоуто "Casting talent show" што за неа претставува почеток на нејзиното музичкото заглавие, а исто така зад себе има учество на многу хуманитарни концерти.


Интересна карактеристика за Емилија е тоа што пее песни на различни јазици, а омилени песни и се оние на словенските и израелските. Како последен настап го издвојува настапот во Аликанте, Шпанија, преку проектот Ерасмус +, каде што и те како ги одбрани боите на Македонија.


И.М

фото: @e.trajkovska

Објавена во: Crush Of The Week, Музика, Таленти

Можеби ќе ве интересира: