Симпатија на неделата: Марија Јанчевска

Симпатија на неделата: Марија Јанчевска

Објавена во: Мода // Crush Of The Week

Марија Јанчевска е осмоодделенка од Скопје која е активна на многу полиња. Досега таа има снимено 96 радиодрами, одиграно над 13 претстави, објавено 2 збики поезија, отпеано 3 песни, а има само 13 години.

Таа освен со успесите кои ги постигнува воодушевува и со нејзината непосредност и начинот на кој се иразува. Како што ни откри во неодамнешното интервју  таа со нетрпение очекува да застане на штиците што живот значат, но и дека вклучувањето на црвеното светло на камерата ја трансформира во сосема другата личност. 

Инаку Марија освен што е активна на могу полиња, таа неодмана беше дел и од последниот видоезапис за песната на Тоше Проески „Secret place” и ни откри дека тоа за неа било неверојатно искуство кое долго време ќе го памети.


Објавена во: Мода // Crush Of The Week

Можеби ќе ве интересира: